Италијанскиот премиер Драги ја доби довербата, но три партии одбија да гласаат

Italy's Prime Minister Mario Draghi attends a Senate session on a confidence vote on his government, Rome 20 July 2022. ANSA/FABIO FRUSTACI

Марио Драги ја доби во средата довербата на позицијата премиер во гласањето во Сенатот, горниот дом на парламентот, но трите водечки коалициски партии го бојкотираа гласањето со што всушност ја соборија неговата влада.

Барањето за гласење на доверба во Сенатот требаше да го одобри говорот кој Драги го одржа во вторникот, кога бараше единство од сите коалициски парии. За тоа барање гласаа 95 сенатори, а 38 нивни колеги беа против, меѓутоа десетици сенатори не присуствуваа во текот на изјаснувањето.

Бојкотираа пратениците од три партии во коалициската влада предводена од Драги, и тоа Напред Италија (FI), партија од десницата која ја води поранешниот премиер Силвио Берлускони, потоа крајно десната Лига која ја води поранешниот вицепремиер Матео Салвини, како и порано европскептично и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди (M5S), универзитетскиот професор по право и поранешен премиер Џузепе Конте.

Сега се очекува Драги да поднесе оставка, а тој повеќе наврати тврдеше дека ќе остане на должноста само доколку ја зачува широката коалиција и мнозинство, што денешното гласање и бојкотот го покажа како невозможно.

По жестоките дискусии во горниот дом на италијанскиот парламент, Драги изрази огорченост кон партиите, а некои од нив се исто така незадоволни, бидејќи сметаат дека нивните ставови не се земени предвид при функционирањето на владата. Со тоа, всушност, стварно се распадна коалицијата која го поддржуваше Драги и беше разнородна, бидејќи опфаќаше партии од крајната левица до крајната десница.

„Со горчина но со мирна совест, нема да учествуваме во гласањето“, изјави Ана Марија Бернини, челничката на Напред Италија.

Оваа партија поднесе свое барање во Сенатот предложувајќи Драги и натаму да биде премиер, но од коалицијата да биде исклучена М5Ѕ, но Драги повика да се гласа само за барањето на друг сенатор кој предложи едноставно повторно да се изгласа доверба на владата. Тогаш од гласањето се откажаа и Лига и М5Ѕ.

Партиите од левиот центар, како Демократската партија (PD), како и партија Италија Жива (Italia Viva) најавија дека ќе гласаат, како и партијата Заедно за иднината, нова формација којашто ја формираше поранешниот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, кој со педесетина пратеници во јуни ја напушти М5Ѕ

Драги, кој поднесе оставка минатата седмица кога всушност гласањето за доверба во долниот дом на парламентот го бојкотираше М5Ѕ, но остана на должноста по барање на претседателот на државата Серџо Матарела и бројните реакции на десетици градоначалници и пратеници, претходно во средата изјави дека е подготвен да продолжи доколку сите партии застанат зад него.

„Никогаш не сум бил толку горд што сум Италијанец… Потребен е нов договор за доверба, искрен и чесен, како оној кој досега овозможи земјата да се менува на подобро“, изјави 74-годишниот Драги, поранешен претседател на Европската централна банка (ECB) кому му се припишува спасот на еврото во 2012-та не припаѓа на ниедна партија а на должноста дојде како технократ.

Потоа во средата Драги ги претстави целите на нејзината влада којашто делува од февруари 2021 година и го доби мандатот да ја води земјата во текот на закрепнувњето од пандемијата на коронавирусот и да ја изведе земјата од економската криза.
Во завршницата од обраќањето Драги го праша Сенетот „Дали сте подготвени повторно да му укажете доверба?“. По Сенатот, треба да гласа и Претставничкиот дом, кој ќе заседава во четвртокот.