Италијански рецепт за салата со тестенини

Благодарение на доматите оваа салата ќе биде мошне вкусна. Овој рецепт е за 6 порции салата што ќе ги подготвите за само 12 минути. Најдобро од се е што оваа салата е нискокалорична, односно има само 307 калории во една порција.

Состојки:

  • 200 грама фусили тестенини
  • 200 грама доматен сос
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • 1голема лажица оцет
  • 8 шери домати
  • 290 грама моцарела
  • 12 листови босилек ситно исечкани

Подготовка:

Варете ги тестенините во големо тенџере со солена вода, околу 10 минути.

Во меѓувреме, ставете го сосот од домати во големо тенџере. Додадете маслиново масло, оцет и шери домати.

Исцедете ги тестенините и додадете ги во тенџерето останатите состојки. Додадете моцарела и листови босилек. Оваа салата се служи топла или ладна.