Италијанскиот парламент конечно ги избра претседателите на двата дома

Марија Елизабета Алберти Касалети (л) и Роберто Фико

Италијанскиот успеа дури по четвртото гласање да ги избере претседателите на двата дома, надминувајќи ја големата пречка во тешките обиди за составување влада по изборите коишто не дадоа јасен победник.

Долниот дом го избра Роберто Фико, главниот кандидат на антиестаблишмент и евроскептичната партија Движењето пет ѕвезди (М5Ѕ), а Сентот ја избра Марија Елизабета Алберти Каселати од партијата на поранешниот премиер Силвио Берлускони – Напред Италија (Forza Italia). Каселати беше кандидатка на десничарскиот табор во кој покрај партијата на Берлускони е и партијата на десниот центар Лига, поранешната Северна Лига.

Гласањето во саботата се одржа по договорот меѓу М5Ѕ и десничарските парии, по трите неуспешни обеда да се изберат претседателите на двата дома во петокот.

Но овој договор не се смета за сигнал за формирање на идната владејачка коалиција, објави на официјалниот микроблог на Twitter партијата Напред Италија во саботата, додавајќи дека партијата во коалицијата, исто така, ќе бараат „индивидуални консултации за формирање на владата“. Се чини дека овој твит се однесува на шпекулациите за тоа дека Лигата е подготвена да ја напушти десничарската коалиција и да соработува со Движењето пет ѕвезди.

Движењето пет ѕвезди и Лигата освоија голем број гласови на парламентарните избори одржани на 4-ти март, додека владејачката партија на левиот центар Демократската партија (PD) претрпе историски пораз со што левата коалиција падна на третото место со освоени вкупно мандати, но ниедна партија, ниту коалиција, не добија јасно парламентарно мнозинство.

По успешниот избор на двајцата претседатели, италијанскиот претседател Серџо Матарела сега мода да се сретне со претставниците на секоја парламентарна партија за да процени која од нив би можела да го добие мандатот за составување влада.