За местото претседател на скопскиот кривичен суд, уште се кандидираа и судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.
Џолев, инаку, неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски наводно вршел притисок по изречена судска пресуда. Џолев на Панчевски му поднесе кривична пријава, а за ова негово обвинување расправаше и Советот за утврдување на факти и пред Судскиот совет.
Нов претседател на скопскиот кривичен суд се избира откако в.д. претседателот Стојанче Рибарев на 25-ти октомври поднесе оставка од лични причини. Ова се случи откако Специјалното јавно обвинителство го сослуша Рибарев за предистражната постапка дали бил злоупотребен АКМИС – системот за електронско распоредување на судските предмети.
Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава. Тој се враќа на пораншенната своја должност судија во Врховниот суд.