Иванов: СДСМ ветуваше деполитизација, департизација на институциите, а сега имаме клучна институција која што една и пол година воопшто не работела

На денешната собраниска седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов кој зборуваше за именување на директор и заменик директор на агенцијата за заштитата на правото на слободен пристап на информациите од јавен карактер.

-Сакам само да ги потсетам граѓаните на Република Македонија дека ова институција повеќе од една и пол година воопшто не функционираше, бидејќи толку време не функционира сакам само да укажам на дел од надлежностите кои што ги има ова агенција за да граѓаните знаат и имаат појасна слика за што разговараме денес. Имено агенцијата за грижи за:

– спроведување на одредбите од законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер;

-подготвува и објавува листи на иматели на информации односно од каде што граѓаните би можеле побараат информации од јавен карактер;

– дава мислење по предлози на закони со кои се уредува слободниот пристап до информациите;

-презема активности на планот на едукација на имателите на информации за овозможување на барателите, слободен пристап до информации кои што тие располагаат;

-агенцијата соработува со имателите на информациите во однос на зборувањето на правото до пристап на информации;

-дава предлози за потребните средства за работа на комисијата при изготвувањето на буџетот на Република Македонија односно донесува деловник за својата работа;

-подготвува годишен извештај за својата работа и го доставува до Собранието на Република Македонија кое што патем речено едвај чекаме да го видиме каков ќе биде извештајот на оваа агенција за минатата година бидејќи агенцијата не работеше ништо;

-извршува работи на меѓународна соработка поврзани со извршувањето на меѓународните обврски на Република Македонија, учествува во спроведувањето на проекти со меѓународните организации и соработува со органите на другите земји, институции во областа на слободниот пристап до информациите од јавен карактер како и врши други работи утврдени со законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, посочи пратеникот Иванов.

Во своето обраќање кажа дека дискутирал по оваа точка од фактот што пратениците од СДСМ толку многу ветувале деполитизација, департизација на институциите некаква си транспарентност, отчетност и на крај имаме една клучна институција која што една и пол година воопшто не работела.

Се предлага лице за кое не му ја спориме стручноста меѓутоа го спориме тоа дека ова лице не може да биде професионалец, односно не може да биде деполитизирано со тек и дека било член на партиската ваша правна комисија и дека работел како секретар во општина Аеродром. Со такви решенија гледаме и сведоци сме дека постојани ни ги наметнувате. Неодамна бевме сведоци за член на Судски Совет предложивте стручен соработник кој е ваш партиски кадар за член на судски совет, додаде Иванов.