![ivo sanader](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/t1larg.ivo_.sanader.afp_.gi_.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер заради проблеми со срцето е преместен во болница. Санадер веќе подолго време не се чувствувал добро и не присуствуваше на последното судско рочиште во Загреб.
Тој од затворот Реметинец итно е пренесен во болница, а адвокатот потврдува дека синоќа му е извршена дефибрилација за да му се врати нормалната работа на срцето. Тој ќе остане хоспитализиран во болница.
Поранешниот лидер на ХДЗ и премиер на Хрватска е осуден на повеќегодишен затвор заради корупција, подмитување и воено профитерство.