КРАЈ
Дали знаете зошто читате на македонски и на албански јазик странски канали како што се Fox, History итн. Јас, Виктор Грозданов го наметнав и реализирав во закон и покрај сите противења и измами на вработените од Советот за Радиодифузија (денешен АВМУ) дека тоа морале да го прават „Кабелските Оператори“.
Нивната лага продолжува и денес. Во ист стил. Со наратив да се урниса спортското новинарство и за жал угостителството.
Предупредување другарско до сите синдикати на угостители. Ве молам да ме разберете сериозно. Согласно закон, ако ви дојде инспекција и ве начека дека имате телевизор на кој емитувате било која ТВ програма, а не е купена од домашен дистрибутер како што се Телеком, или Телекебал или Тотал ТВ веднаш можете да добиете кривична пријава за неовластено јавно емитување со казна затвор од 6 (шест) месеци до 3 (три) години.
Драги читатели, сите спортски канали на територија на Македонија мора да коментираат на македонски јазик, а бидејќо нема национализам во медиумите, и на албански јазик во исто време на еден канал (само го менуваш тонот преку далечински управувач).
Почитувани кандидати, кој и да победи Ве замолувам во исконскиот наратив на оваа мала држава: „Не се дружете со лажговци“.
П.С. На г-динот Стефан Богоев му препорачувам за неговите финансиски комбинации со Боки 13 да ја запамти онаа преубава мисла од Карпош 1 и Козле, каде ја имаат смислено другари и другарки и вели: „Г’з* пи*е мамино, Хаос пи*ке лудило“. Сега нема посредници друже Богац и Боки 13.
ПОЧЕТОК
Инспириран од еден мега филмски хит со Викинзи:
„Гледај ене ги нашите татковци, гледај ене ги нашите мајки, гледај ене ги нашите сестри и браќа, сега не се плашиме, ги ослободивме нашите најмили и храбро чекориме кон Валхала…“.
На овие избори за претседател на Република Македонија мораме сами да се погледнеме во очи и да си признаеме самите на себе дека секој од нас има свој кандидат за кого слободно можеме да кажеме дека размислуваме како мојата баба Бојана Грозданова Максимовиќ кога го видела мојот роден брат и го дала следниов коментар: „НИЈЕ ШТО ЈЕ НАШЕ, АЛИ СТВАРНО ЛЕПА БЕБА“.
Ги замолувам лично сите кандидати веднаш овие мои идни зборови да ги земат за реалност и да реагираат така како знаат и умеат.
Јас многу сакам да пишувам за медиумските правични права кои ги заслужуваат сите во медиумскиот свет. За жал, секогаш поради одредени луѓе постои едно меѓутоа. Сами ценете она што сега го пишувам.
Еден од кандидатите заедно со партијата која собираше потписи од граѓани за кандидатура која се однесува како љубител на Бенито Мусолини-Дуче основач на фашизмот и неговите „црнокошуљачи“ , мора веднаш да ги разбере следниве работи:
- Веднаш да се извини на ТРД ТВ Канал 5 за заканите кон сите вработени и сите нивни коминтенти кои даваат пари за реклами дека ќе ги бојкотираат. Запамтете: НИВНИТЕ ПРОИЗВОДИ со кои се гради државата и се доделуваат плати на 100.000 вработени. Тој наратив е Нео Либерален Фашистички Комунизам со чист наратив за ликвидација на медиуми и медиумски работници;
- Тоа што господинот Огнен Чанчаревиќ од ТРД ТВ Телма има висок степен на толеранција и е очигледно многу воспитан, незначи дека можеш да му дојдеш во емисија и да му се закануваш суптилно и да го омаловажуваш кога ти поставува суштинско прашање. Од моја страна напишано како јас го доживеав: „Како Вие ќе го промените Уставот и кои се контурите на новиот Устав кој го споменувате?“.
- Љупче Златев е екстремен и во интелегенција, ама и во тоа како си го сака своето новинарство и чедото негово Радио Лидер и кафето со Ивица Боцевски. Апсолутно е во право кога кажа дека едноставно кандидатот на „црнокошуљачите“ што се замислува Анџелина Џоли и Маргарет Тачер: „ЌЕ БИДЕ ИГНОРИРАНА, ДО ДАЉЊЕГА“.
Драги кандидати за претседател на Република Македонија, сепак медиумите заслужуваат повеќе од она што е во моментов на терен. Точно е дека ЗНМ на чело со Младен Чадиковски размислува коректно кон позицијата на новинарите, ама неможе и нема капацитет да разбере дека е поразен од политичари. Вие сите сте на позиции со кои можевте да се заинтересирате како да помогнете и да реагирате со целиот Ваш интелектуален капацитет.
Еве неколку работи во кратки црти. Малку историја и решенија.
Дали знате кој ги изгаси ХРТ2 И НОВА ТВ –Хрватска? Јас, Виктор Грозданов. Зошто докажав дека се криминалци кои купуваат програма за својата држава, а ја продаваат како да се СФРЈ. Тоа е 18 милиони гледачи повеќе од реалната слика и во тоа време им се заканив дека ќе им побарам обештетување од 0.35 евро центи по гледач. Избегаа како најголеми кукавици.
Дали знаете зошто…, други податоци нема. Затоа другари и другарки кандидати медумски совети може само да Ви дадат Вашите непрофесионални медиумски изгубени „Стручњаци“.
Некорумпиран Колумнист Виктор Грозданов!
Автор: Виктор Грозданов за НетПрес