5.8 C
Skopje
четврток, декември 5, 2024

Избран вршител на должноста градоначалник на Охрид

После смртта на градоначалникот Стојаноски, Општина Охрид испрати известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Вршител на должност градоначалник се избра за да може локалната власт да функционира.

Георгиевски беше предложен од страна на советникот Ристо Булоски и ќе ја извршува функцијата в.д. градоначалник до изборот на нов градоначалник на предвремени избори, кои најверојатно ќе се одржат оваа пролет заедно со претседателските.

Избори за градоначалник распишува Собранието на Република Македонија кое покрај за Охрид треба да распише избори и за општините Дебар и Ново Село.