Изгласана новата влада на Србија предводена од Брнабиќ

Пратениците во српското Собрание вечерва ја изгласаа новата влада на чело со премиерката Ана Брнабиќ.

За новиот владин кабинет гласаа 157 пратеници од вкупно 225, против беа 68 и без воздржани.

Новата влада на Србија ќе брои 25 министерства и тројца министри без портфељ.