Изгоре куќа во Волковo, пожар на кејот „13-ти Ноември“

Во вторникот во Скопје и скопско се пријавени два пожара, во кој една куќа е целосно изгорена а една во пожарот кој избувнал во една од галиите на Вардар во центарот на градот немало настрадани.

Вчера околу 13,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во селото Волково, скопско, настанал пожар во куќа сопственост на 57-годишнио Б.Ц.(57), при што куќата целосно изгорела.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Вечерта, пак, во 19.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј „13 Ноември“ настанал пожар во помошна просторија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.