На помал број места, од страна на набљудувачи на „Излези да гласаш“, се забележани проблеми со фингер принт апаратите. Забележано е доцнење со отворање на неколку изборни места, на истите рокот за гласање ќе биде соодветно продолжен.
-Ги повикуваме надлежните институции задолжени за спроведување на изборите, а секако и органот задолжен за спроведување на законите да си ги врши во целост своите должности и овластувања. Воедно, ги охрабруваме граѓаните, сите евентуални нерегуларности да ги пријават кај надлежните државни органи или во нашата организацијана е-маил [email protected] со цел обезбедување на достоинствен демократски процес на изразување на волјата на граѓаните, истакнуваат тие.
Од „Излези да гласаш“ ги повикуваат граѓаните да го искористат своето уставноо загарантирано право на глас и со своето учество да му дадат легитимитет на овој изборен процес, со цел демократски избор на локална власт.