Излезноста до 13 часот е 20,53 отсто, половина од неопходниот цензус

По обработените 99,46 отсто на податоците од избирачките места, во вториот круг од претседателските избори во неделата одѕивот на гласачите изнесува 20,53 отсто, наспрот 20,05 проценти во првиот круг во истиот период од изјаснувањето, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).

Обработени се податоците за 1.798.303 гласачи од вкупно 1,808,131 гласач,. а објавениот процент покажува дека во првите осум часа до гласањето се изјасниле 369.141 избирач.

Како што посочи на пладневната прес-конференција портпаролката на ДИК, по општини, најголема излезност има во Крива Паланка со 39,69, следуваат Крушево со 34,33, Прилеп со 33,84  и Кратово со 33,82 отсто. Најмалку гласачи излегле во Желино со 4,22 отсто, па Врапчиште со 6,12 и Боговиње со 6,21 отсто.

За да биде успешен вториот круг, односно севкупно претседаетлските избори, неопходно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно точно 723.252 гласачи