Израел донесе решение да ја намали на 40 години минималната возраст за примање на третата доза од вакцината против коронавирусот за да го сузбие растот ба бројот на заразените со делта сојот, соопшти во четвртокот министерот за здравство.
„Имаме вакцини за сите и сега сите кои имаат 40 и повеќе години може да ја примат третата доза. Вакцината е ефикасна, да ја запреме делта“ варијантата, објави на Twitter министерот за здравство Ницан Хоровиц.
Третата доза ќе почне да се дава во недела на Израелците над 40-годишна возраст.
Еврејската држава пред три седмици започна кампата за да им овозможи на лицата постари од 60 години да ја примат третата доза, главно од производителот на вакцината на „Pfizer/BioNTech“. На 13-ти декамви возрасната граница првпат беше симната на 50 години за промање на бустер дозата од вакцината против коронавирусот.
Светската здравствена организација (СЗО – WHO) се зазема за мораториум на давањето на третата доза, за да останат повеќе вакцини за сиромашните земји, каде што стапката на вакцинираност и натаму е ниска.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет одговори дека примањето на третата доза во Израел, земја со девет милионско население, нема да влијае врз светските резерви и ќе овозможи да се испита ефикасноста од примената на ткн бустер доза.
Во Израел вкупно се пријавени над 970.000 заразени и повеќе од 6.700 починати од Covid-19. Повеќе од 5,4 милиони луѓе ги примиле двете дози од вакцината, или 58 од популацијата, а веќе околу 1,2 милиони ја примиле третата доза.
Израел беше меѓу првите земји во светот кои уште кон средината на ланскиот декември ја започнаа големата кампања на вакцинирање благодарејќи на договорот со американската компанија „Pfizer“ којашто многу брзо, со наплата, му испорача милиони дизи во замен за податоци за ефикасноста на вакцината кај населението.
Израелските здравствени власти уверуваат дека благодарејќи на таа кампања драстично е намален бројот на заразените во земјата. Меѓутоа, последните седмици повторно расте бројот на новозаразените што се припишува на ширењето на делта варијантата на короноварусот меѓу невакцинираните возрасни лица, но иние кои биле целосно вакцинирани пред повеќе од шест месеци.