Израелците во вторникот почнаа да гласаат на изборите на кои конзерватвиниот премиер Бенјамин Нетанјаху може да го освои рекордниот петти мандат доколку не биде победен од поранешниот генереал кој вети дека ќе ја исчисти власта од корупција и ќе спроведува општествена кохезија во земјата разединета со политиката на поделба кој ги заостри односите меѓу верскиот и секуларниот, левиот и десниот дел од општеството, меѓу Евреите и Арапите.
Избирачките места беа отвоврени во 7 часот утрото и ќе бидат затворени во 22 часот, меѓутоа победникот можеби нема да биде познат веднаш.
Досега ниедна партија на изборите нема освоено апсолутно мнозинство во Кнесетот (парламентот) од 120 мандати, што значи дека ќе следат можеби и седмици преговори за создавање коалиција.
Нетанјаху водеше десничарска предизборна кампања остра кон Палестинците, а во прв план ги ставаше надворешниполитичките успеси кои се резултат на неговиот близок однос со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот премиер со вкупно 13 години стаж на должноста во кампањата дека единствено со него Израел е безбеден. Нетанхају својот недопирлив статус го изгради недозволувајќи на ниеден политичар крај него премногу да се експонира, па така, на пример, во последниот мандат си ги присвои и мандатите за надворешни работи и за одбрана.
Меѓутоа, неговата популарност е начната со низата корупциски афери кои последните години се врзуваат со неговото име и изборната победа сериозно го загрозува сојузот на центристичката партија на „сино-белите“ на Бени Ганц, поранешен началник на израелскиот генералштаб, и на популарниот пратеник Јаир Лапид.
Поради појавата на омилениот поранешен воен челник на политичката сцена, со низата корупциски скандали на Нетанјаху, годинешните избори се покажуваат како најтежок предизвик за премиерот во последните неколку години. Последното истражување на јавното мнение објавено четири дена пред парламентарните избори покажа дека партијата Ликуд на Нетанјаху и Сино-белите би можело да освојат по триесетина мандати во парламентот. Нетанјаху, меѓутоа, има малку поголем коалициски потенцијал, бидејќи групацијата на конзервативните десничарски партии би можела да добие повече мандати од оние кои би можеле да ги поддржат Ганц и Лапид.