Бугарин последните пари кои ги имал ги вложил во рушење на својата куќа, бидејќи веќе не можел да ја отплаќа хипотеката.
Но, бидејќи земјиштето на кое се наоѓа куќата не е под хипотека, семејството се одлучило да превземе драстичен чекор. Тие ја срушиле куќата и целиот отпад го истовариле пред банката во градот Тетевен.
Пред истоварот, Бугаринот и неговото семејство влегле во банката и го молеле директорот да не им ја земе куќата, но откако тој кажал „не“ целиот градежен материјал го истовариле пред банката.