Мрежата е основач на регионалната интернет платформа seeon.org која има за цел да овозможи развој на органското производство во ЈИЕ преку размена на информации меѓу различните чинители во органското производство во земјите од регионот.
Еден од иницијаторите и основачите на SEEON е Федерацијата на производители на органски производи на Македонија (ФПОПМ) која воедно раководи со националната платформа SEEON Македонија. Платформата е изработена со поддршка на германското друштво за меѓународна соработка.