Избирачкиот список е реален и тоа ќе го потврди и теренската и административната проверка. Во него нема фантомски гласачи, ниту пак лица со двојни идентитети.
Потпретседателот на државната изборна комисија, Схупи Јакупи, во емисијата Круг на радио слободна Македонија, вели дека процесот на проверка со сите елементи ќе ја извади на површина вистината за избирачкиот список.
Анализите на сите избирачки списоци, вели Јакупи покажуваат дека бројот на запишани во списокот е реална бројка.
Потпретседателот на ДИК, кој воедно е и експерт со докторат за избори, потенцира дека вкрстената проверка и останата методологија на ДИК, заедно со поставувањето на фотографиите на гласачите на избирачкиот список ќе биде процес од кој нема да има ниту најмал сомнеж за валидноста на списокот и затоа ги повикува и партиите и аналитичарите да не ја малипулираат јавноста.