Режисерот Јани Бојаџи потврди дека во неговиот дом во Струмица полицијата вршеше претрес.
Бојаџи потврди дека во домот на неговите родители во Струмица е извршен претрес, а неговиот татко Андони е донесен во Скопје и приведен од страна на полицијата во полициската станица во Гази Баба.
Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас, напиша тој.
Инаку власта изминатиот период на секаков начин се обидува да го цензурира негвиот филм „Ругање со Христос” затоа што во него се прикажани сцени од војната во 2001 година, во кои УЧК брутално ги малтретира Мавровските работници и уште неколку други злосторства на оваа паравоена формација.
Пред два дена Бојаџи на Фејсбук објави за притисокот од власта и обидите за цензура преку забрана на кино салите да го прикажуваат филмот.
Инаку вечерва во кино Милениум, треба да се одржи премиерата на овој филм, во рамките на фестивалот „КинеНова“.