Јанушев: Партиите не можат да одлучуваат во името на граѓаните како ќе се нарекуваме

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера гостуваше во емисија „Јади Бурек“ каде што ги произнесе ставовите на партијата околу договорот и референдумот.

Јанушев при гостување во емисијата посочи дека не станува збор овде за избори, па ние како ВМРО ли, како СДСМ ли, како било кој друг политички субјект да бараме поддршката од граѓаните, за да утре дојдеме на власт, да формираме влада и да остваруваме она што во предизборието сме го ветувале.

Овде станува за нешто што е поголемо од било која политичка партија, поголемо од било кои поединец во државата, станува збор за зачувување на се она што генерации и генерации во историјата го граделе, многу животи биле дадени и за да ние денеска имаме Република Македонија. Да се нарекуваме Македонци, да имаме македонски пасош, да имаме македонски јазик и се останато, потенцираше Јанушев.

И од таа причина не може партиите во овој случај да бидат тие што треба да кажат на граѓаните од утре ќе се викате така, или од утре ќе се викате така.