Бегалската криза може да донесе мини Шенген-зона. Јерун Дејселблум, холандскиот министер за финансии, ги предупреди сите држави кои не ги обезбедуваат доволно границите на Европа и не прифаќаат на своја територија бегалци, дека може да се најдат вон границите на едно идно мини-Шенгенско пространство, пренесува МИА.
Шенген зоната не може да фунцкионира ако само неколку држави прифаќаат бегалци изјави тој во интервју за белгиските Тејд и Еко. Дејселблум додаде дека за да се зачуваат социјалните држави во Западна Европа треба добро обезбедување на надворешните граници.
Во спротивно, доаѓаат многу луѓе со барање за помош и го уништуваат системот. Тоа се случува во моментов и во Холандија, вели тој.
Јерун повика на поголемо заедничко финансирање за контрола на надворешните граници и повеќе помош за бегалските кампови во Турција и Либан.