Јовановски: Над 100 илјади протестираат низ цела Македонија, главната причина е јазикот

Ако СДСМ вели дека за народот го прават ова, па нека излезат на улица и да поразговараат со граѓаните, изјави Крсте Јовановски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

-Веќе гледам над 100 000 луѓе на улиците низ Македонија, народ се случува, а тоа е сериозна бројка, додаде Јовановски.

Главната причина поради која излегуваме на улица е јазикот, смета актерот Крсте Јовановски.

-Главната причина поради која мислам дека излегуваме е јазикот, јазик кој е уникатен, единствен во светот, преку кој комуницираме, и сега некој во име на некој документ сака тоа да го снема?, истакна Крсте Јовановски во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.

-Ако луѓето од другата страна велат дека нема ништо спорно во платформата, тука се поставува прашањето, ако нема ништо спорно – зошто е уцена?, додаде Јовановски.

Тој посочи дека ако таа платформа нема ништо опасно, зошто луѓето кои сакаат да создадат Влада, коишто чекаат мандат од претседателот ја кријат од народот?

Крсте Јовановски и Коле Манев гостуваа во „Отвореното студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Кога опстојувањето зависи од политиката“