![Ju es open](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Ju-es-open.jpg?resize=644%2C362&ssl=1)
Последниот Грен слем турнир во сезоната, УС опен, ќе додели рекордна сума на награди за тенисерите и тенисерките.
Турнирот во Њујорк, кој ќе започне на 26 август, за првпат во својата историја ќе ја надмине границата од 57 милиони долари. Шампионите ќе инкасираат 3,4 милиони, поразените во финалето ќе добијат 1,7 милиони, а полуфиналистите 850.000 долари.
Исто така, сите 128 учесници кои ќе се пласираат во главната ждрепка имаат загарантирани 58.000 долари.
УС Опен е првиот Грен слем кој од 1973 година доделува идентични награди во машка и женска конкуренција.
Титулите од минатата сезона ќе ги бранат Новак Ѓоковиќ од Србија и Наоми Осака од Јапонија.