Јунајтед во продолжение го совлада Арсенал, Сити немаше проблем кај Вест Хем

Со гол во судиското продолжение Манчестер Јунајтед дојде до трите бода против Арсенал, а новиот шампион Манчестер Сити беше сигурен кај Вест Хем Јунајтед.

Стрелец на победничкиот гол (2:1) на „Олд Трафорд“ беше Маруен Фелаини во првата минута од судиското продолжување, а покрај него за „Црвените ѓаволи“ беше Пол Погба во 16 минута. За Арсенал, пак, стрелец беше довчерашниот игра на Јунајтед, Хенрик Мктитарјан во 51 минута.

Фудбалерите на Манчестер Сити, кој од претходно ја обезбеди титулата шампион на Англија, во 36-то коло на гости го совладаа Вест Хем со 4:1. Головите за Сити ги постигнаа Лерој Сане во 13, Паоло Забалета постигна автогол во 27, Габриел Жезус во 53 и Фернандињо во 65 минута, а голот за „Чеканите“ го постигна Арон Гресвел во 42 минута.

Вест Хем е 15-ти со три бода над зоната на испаѓање, и го чекаат тешки дуели за опстанок. Во понеделник се среќаваат Тотенхем и Вотфорд.