Јужна Кореја им забрани во средата на финансиските институции тргување со виртуелните валути како што е биткоинот, чијашто вредност во последниот период ја катапултираше бранот шпекулативни кувувања на малите вложувачи, меѓу кои многумина се токму од оваа азиска земја.
Јужна Кореа се претвори во центар за тргување со криптовалути и на оваа земја денес отпаѓаат 20 отсто од светските трансакции со биткоинот. Тоа е десет пати повеќе отколку уделот на Јужна Кореја во светската економија.
Се проценува дека околу милион граѓани на Јужна Кореја, многумина меѓу нив и мали инвеститори, поседуваат биткоини а побарувачката е толку голема што цените се за околу 20 отсто повисоки отколку во САД, кои се најголемиот пазар за оваа криптовалута.
Цените на биткоинот експлодираа оваа година ширум светот, од помалку од илјада амрикански долари до 18.850 долари во еден момент на почетокот од оваа седмица.
Минатиот викенд биткоинот дебитираше и на традиционалните берзи: терминските договори во оваа дигитална валута се вброени во понудата на американската Chicago Board Options Exchange (Cboe). Се очекува дека од следната седмца со него ќе започне тргувања и на берзата Chicago Mercantile Exchange.
Во средата од кабинетот на јужнокорејскиот премиер соопштија дека Сеул ќе им забрани на тамошните финансиски институции купување, поседување и чување на дигиталните валути во функција на колатерал.
По ова објава, цените на биткоинот на Bithumb, најголемата платформа за тргување со оваа криптовалута во Јужна Кореја, паднаа за речиси пет отсто.
Властите, сепак, не го забранија во целост тргувањето со биткоинот, ниту планираат да ја оданочуваат заработката на ова тргување, како што претходно се шпекулираше. Од кабинетот на премиерот најавија само забрана за почетните понуди на новите дигитални валути (ICO).
Сеул, исто така, ги зајакна прописите за заштита на вложувачите, за да ги сузбие шпекулациите и евентуалните малверзации.
Во септември годинава јужнокорејската Комисија за финансиски услуги нареди забрана за почетните понуди на новите дигитални валути со образложение дека „криптовалутите не се пари, ниту валути, ниту финансиски производ“.