
Триесетгодишен државјанин на Косово е приведен откако кај клучката Миравци бил фатен како превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мјанмар.
„Вчера околу 01.15 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, кај клучка Миравци, полициски службеници го лишиле од слобода И.П.(30) од Косово поради тоа што при преглед во товарното возило „сканија“ и ладилник со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 113 лица мигранти (110 од Бангладеш, 1 од Индија и 2 од Мјанмар“), велат од полицијата.
Лицето било приведено и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.