Директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска во централниот дневник на Сител телевизија, за тоа кој е виновен што Македонија не доби помош од европскиот солидарен фонд, истакна дека Македонија мора да планира подобро и однапред, за да може да ги користи средствата од Европскиот солидарен фонд.
„Ние уште кога го формиравме Солидарниот фонд минатата година, беше јасно дека постои предизвикот што се тоа подобни трошоци за ЕУ и како земјите ќе ги репортираат. Тоа е Фонд кој што е воспоставен за големи кризи. Ако се вратиме наназад ќе видиме дека тоа го користеше Србија за време на поплавите. Во нашиот случај очигледно дека не е постигнат прагот на трошење кој што Комисијата денеска и официјално го потврди, кој изнесува околу 30 милиони евра за нашиот бруто домашен производ“, вели Кацарска.
Во секој случај, продолжи таа, нашите трошоци се многу помали.
„Очигледно е дека ние тој праг многу тешко би го поминале. И мора да потенцирам околу подобноста на трошоците. Очигледно е дека ние мора да изрефлектираме кои се трошоци можат да се прикажат и на кој начин се прикажуваат. Затоа мораме да планираме подобро, однапред и да видиме како да ги врземе нашите средства со ЕУ, истакна Кацарска.