Последното голо од француското фудбалско првенство ги разреши и последните дилеми, односно која екипа покрај Гинган ќе испадне директно а која ќе оди во дополнителните квалификации.
На крајот во втората лига се сели Каен, Дижон ќе игра во плеј-офот, а Монако и Амјен и следната сезона ќе играат во Ле шампионат.
Тимот од Кнежевството ќе остане во најсилната француска конкуренција иако во последното коло во дербито на Азурниот брег беше поразен од Ница со 0:2. Победата на Ница ѝ ја донесоа Бадиашил кој во 37 минута ја затресе сопствеана мрежа, и Ле Биан од пенал во 67 минута.
На Каен му беше потребен бод да дојде до дополнителните квалификации, а со убедлива победа можеше да го прескокне Монако. Меѓутоа, Каен дома загуби од Бордо со 0:1 и испадна од лигата. Домашните навивачи во очај ги фрли Шанкаре со голот во 19 минута.
Поразот на Каен го искористи Дижон кој на својот терен со 2:1 го победи Тулуз и избори плеј-оф.
На врвот од табелата сѐ беше јасно и пред последното коло. ПСЖ е првак со 91 бод но во последните десетина кола дожиева најглем дела од петте порази и четирите ремија . Со дури 16 бодови помалку втор е Лил, а од него три бода помалку има Лион кој исто така се квалификуваше за Лигата на шампионите, а ќе игра во квалификациите. Во Лига Европа следната сезона ќе се натпреварува Сен Етјент кој првенството го заврши како четврти со 66 бодови.
РЕЗУЛТАТИ 38 КОЛО
Амиен – Гинган 2:1
Анжер – Сент Етјен 1:1
Дижон – Тулуз 2:1
Нант – Стразбур 0:1
Ним – Лион 2:2
Ница – Монако 2:0
Олимпик Марсеј – Монпелје 1:0
Каен – Бордо 0:1
Ремс – ПСЖ 3:1
Рен – Лил 3:1