![њдњљд](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/njdnjljd.jpg?resize=640%2C288&ssl=1)
Решението за спорот со името со Република Грција кои преку телефон го договорија премиерите на двете држави, Зоран Заев и Алексис Ципрас предизвика жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи.
Во коментарите на социјалната мрежа Фејсбук може да се види гнев во зборовите на граѓаните кои се разочарани од договорот кој Заев и Ципрас треба да го потпишат во Преспа.
„Срамота…брука… имате ли воопшто нешто македонско“, „Душмани, предавници, дајте си оставка“, „Наместо документите да го смениме Заев, подобро едно, отколку се“, се само дел од коментарите кои можат да се забележат по социјалната мрежа Фејсбук.
Негативните коментари за договорот кои претежно беа упатени кон премиерот Заев не го заобиколија ниту Твитер.
„Браво Заев, по овој договор ќе бидеме како курдите“, „Како бе граѓани на Северна Македонија го јакне идентитетот?“, се дел од твитовите кои ги пишуваа македонските граѓани по договорот со Атина.