Партијата на Европскиот слободен сојуз (European Free Alliance) направила мапа која прикажува како би изгледала Европа кога сите сепаратисти кои се залагаат за отцепување би го добиле тоа.
Референдумот во Шкотска, кој ќе биде оддржан во четврток, повторно го отвори прашањето за одвојување на региони од своите држави.
Што се однесува до земјите во регионот, на мапата која е направена, од Хрватска се одвојува Ријека, но авторите дополнително не објаснуваат ништо.
На мапата се исцртани само оние региони кои бараат независност, но не и границите на државата. Картата прикажува познати сепаратистички движења, како моќни национални движења во Баскија, на северот на Шпанија и југозападот на Франција, па се до помалку познати како Савојската Лига, кои бараат независност во Франција.
Мапата е направена од партијата Европски слободен сојуз, а како што самите истакнуваат, таа ги претставува 40-те прогресивни националистички, регионалистички и автономни партии ширум Европа. На картата Баварија е одвоена од Германија, со популација од 12,5 милиони луѓе.
Во повторното откривање на наследството, културата и јазикот на Млетачката Република се повеќе расте влијанието на локалното движење за независност. Вака би изгледала Европа во тој случај: