СДСМ сака брзи избори по цена на здравјето на граѓаните. СДСМ ја интересира само власт, а не здравјето на граѓаните. Јасно ли му е на СДСМ дека во вакви услови, во услови кога секој ден има новозаболени, а има и починати, граѓаните се загрижени за своето здравје, а исто така се заинтересирани и како ќе преживеат зошто допрва ќе се гледаат економските последици од корона кризата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Јасно е дека ниту државата се справува со епидемијата, ниту со економските последици. Како мисли СДСМ дека со брзи избори ќе се воспостават легитимни и функционални институции?! Како тоа Никола Димитров и Мила Царовска им кажуваат на граѓаните дека треба да одат да гласаат кога тие се загрижени за своето здравје. Димитров е министерот во чие министерување се смени името и се тргува со идентитетот. Затоа им гори под нозете. И како тоа велат дека имаат почит кон здравствените работните? Тие ги излажаа здравствените работници на кои им ветуваа плата од 100 илјади денари и ги излажаа. СДСМ прво нека ја извади главата од песок, нека ги стави граѓаните и нивното здравје на прво место, а не политиката и функциите. СДСМ покажа само неспособност за справување со корона вирусот и последиците од него“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.