Калифорниските пожарникари ги замотуваат секвоите со огноотпорни кебиња за да ги заштитат од пожарите

Спасувачките служби од минатонеделниот четврток го замотуваат големите секвои, најголемите стебла на светот, во огноотпорните заштитни покривачи за да ги заштитат од разорните шумски пожари кои во последниот период зачестија на целата територија на американската сојузна држава Калифорнија.

Шумата секвои во Националниот парк во Калифорнија била посетена од пожарникарите кои подножјата на големите стебла го замотале со специјалните огноотпорни кебиња од алуминиумска фолија доколку им се закани огнената стихија.

Меѓу нив е славната „генерал Шерман“, секвоја висока 83 метри со волумен од 1.487 метри кубни, и се смета за највисокото дрво на светот.

На подрачјето на калифорнискиот Национален парк на секвоите мобилизирани се околу 2.000 пожарникари кои таму се во состојба на целосната готовност со сета нивна опрама за гаснење пожари.

„Ги преземаат вонредните мерки за да ги заштитат овие вредни дрвја. Навистина сакаме да сториме сѐ што можеме за да ги заштитиме овие дрјва стари меѓу 2.000 и 3.000 години“, вели за локалнииот весник The Mercury News, Кристи Брихем, од водството на паркот.

Годинава во Калифорнија веќе изгореа илјадници квадратни километри шуми. Бројот и интензитетот на пожарите во западниот дел на САД последните години за двојно се зголемиле, а исто така се продолжила и сезоната на пожарите.

Стручњаците сметаат дека овој феномен превенствено е поврзан со глобалното затоплување, растот на температурите, сѐ позачестените топлотни бранови и помалото количество врнежи што сето заедно прави „идеален запаллив коктел“.

Два пожара избувнале во четвртокот близу Гигантската шума, во рамките на Националниот парк на секвоите, во која се наоѓаат петте најголеми познати стебла на светот, а меѓу нив и „генералот Шерман“ кој привлекува десетици илјади туристи.

Пожарите со низок интензитет вообичаено не можат да им наштетат на големите секвои, кои со текот на времето се прилагодиле на пожарите благодарејќи на извонредно дебелата кора на дрвото и гранките кои се наоѓаат многу високо и надвор од дофатот на пламените. Но истовремено, за репродукција на овие стебла огнот им е потребен бидејќи топлина од пламените ги распрскува шишарките како пуканки при што се ослободуваат стотици семки.

Гигантските сетбла, кои растат само во Калифорнија во поднежјето на Сиера Невада, сепак не успеваат да ги преживеат поразнорните пожари кои последните години зачестија во оваа сојузна држава.

„Во климатолошка смисла се наоѓаме во непознати води“, загрижено предупредува за весникот The Los Angeles Times, Кристал Колден, експерката за пожари на Калифорнискиот универзитет во Мерсед.

Потсетува дека во мај стручњаците биле изненадени кога утврдиле дека голема секвоја, којашто ја зафатил голем пожар, сепак, полека горела како трупец во камин.