Фудбалерите на Калјари со голем пресврт во последните десет минути со Рома успеја да дојдат до бод надоместувајќи два гола заостанување, а до израмнувањето 2:2 стаса во последните мигови од мечот со два играчи помалку, откако беа исклучени Дарио Срна и Паоло Фараго.
Рома со головите на Кристанте во 14 и Александар Коларов во 41 минута имаше убедлива предност и до 85 минута не се чинеше дека е можен пресврт во Калјари. Но тогаш надежите на домашните ги заживеа Молдавецот Артур Јонита, а во петтата минута од судиското продолжение Марко Сау ја искористи грешката на одрбаната на „Волчицата“ и им донесе голема радост на домашните навивачи. Само една минута претходно Паоло Фараго доби втор жолт картон, а судијата Мазолени потоа му покажа директен црвен картон и на Дарио Срна.
Калјари со освоениот бод се одржа на 13-то место со 17 бодови, додека Рома остна на шестото место со 21 бод, колку што има и Торино едно место подолу а ја следат уште група од пет клубови кои по комплетирањето на 15-то коло во Серија А може да ја минат или бодовно да се израмнат со неа.
Фудбалерите на Наполи без проблеми пред своите навивачи го совладаа со 4:0 Фросиноне, со што го задржаа второто место со осум бодови заостанување зад водечкиот Јувентус. Фросиноне, пак, остана на претпоследното 19-то место со 8 бодови.
Стрелци за Наполи беа Полјакот Пјотр Зјелински го отвори резултатот во 7 минута, потоа Алжирецор Адам Унас во 40 минута зголеми на 2:0, а полскиот напаѓач Аркадиуш Милик беше прецизен во 68 и 84 минута.
Во петокот во „дербито за Италија“, Јувентус со 1:0 го победи Интер.
Подоцна во сабота играат Лацио – Сампдорија, а во недела на програмата се натпреварите Сасуоло – Фиорентина, Емполи – Болоња, ПАрма – Киево, Удинее – Аталанта, Џенова – СПАЛ и Милан – Торино.