Канада ја одобри вакцината на „Pfizer/BioNTech“

Канада објави во средата дека ја одбрила вакцината против коронавирусот којашто заеднички ја развија американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотехнолошка компанија „BioNTech“, и со тоа стана третата земја во светот по Велика Британија и Бахреин кој даде зелено светло за оваа вакцина.

„Канаѓаните може да бидат сигурни дека процесот на проверка беше строг и дека имаме ефикасни системи на контрола“, наведе тамошното министерство за здравство во соопштение за јавноста.

Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо најави во понеделникот дека вакцинирањето на Канаѓаните за Covid-19 ќе може да почека неколку дена по одобрувањето од страна на министерството за здрваство.

Во Канада од почетокот на пандемијата досега се потврдени над 435.000 зарази со новиот коронавирус, а како последици на компликациите кои тој ги предизвикува починале речиси 13.000 луѓе.