Канада има намера да ги испрати преостанатите пет турбини за Северен тек во Германија

Канадската влада и натаму е подготвена да ги врати во Германија петте преостанати турбини за гасоводот Северен тек, кои се реновираат во погоните на германската компанија „Siemens Energy“ крај Монтреал, изјави во средата во интервју за телевизијата CBC, канадската министерка за надворешни работи, Мелани Жоли.

Како што забележува телевизија, во Монтреал во моментов на техничко одржување се наоѓаат пет турбини на „Siemens“, а во јули годинава владата во Отава и покрај санкциите против Русија одлучи на Германија да ѝ ги испорача сите шест агрегати кои се наоѓаат на ремонт во Канада.

„Таква беше одлуката што ја донесовме. Тоа е токму она што Германија го побара да го сториме“, вели Жоли во интервјуто без да даде дополнителни појаснувања.

Од 27-ми јули гасоводот Северен тек 1 функционира само со 20 отсто од својот вкупен капацитет, поради исклучувањето на неколкуте гасни турбини. Една од нив, која и била произведена во Канада беше испратена во Монтреал на ремонт. Поради канадиските санкции против Русија поради војната во Украина, Отава првично одби да ја рати ремонтираната турбина во Германија, но по упорното инсистирање на Берлин сепак се согласи.

Потоа настанаа тешкотии со враќањето на поправената турбина, бидејќи освен изземањето од канадските санкции на 10-ти јули, не биле земени предвид условите на договорот и наместо во Русија, турбината беше пренесена во Германија. Од „Газпром“ тврдат дека сѐ уште не ја добиле комплетната документација зашто за натамошен транспорт се потребни дозволи и од властите во Европската унија и на Велика Британија. Москва бара гаранции дека другите турбини кои се на ремонт нема да бидат предмет на санкции од Канада, Велика Британија и Европската унија, додека во Брисел сметаат дека станува збор за руска одмазда поради западните санкции.

На 25-ти јули од „Siemens Energy“ објавија дека канадската влада се согласила сите турбини коишто се сервисираат во Монтреал да бидат транспортирани во Германија. Истиот ден руски „Газпром“ објави дека принудно е исклучен уште еден мотор на гасната турбина на компресорската станица „Портоваја“, поради истекот на периодот пред ремонтот и главниот ремонт.

Во „Газпром“ во петокот објавија дека испораките на гасот преку цевководот Северен тек 1 ќе биде запрен на три дена, од 31-ви август до 2-ри септември, поради планираното одржување на единствената која е во функција во моментов работна пумпа во компресорската станица „Портоваја“.

Германија во меѓувреме стравуваат од енергетски колапс зимава поради можен целосен прекин на испораките на рускиот гас. Министерот за економија Роберт Хабек и шефот на Сојузната агенција за мрежи Клаус Милер постојано апелираат до сограѓаните да ја штедат енергијата,