Канадската лизгачака двојка Теса Виртју и Скот Мојр, ја обвинија својата тртенерка Руската Марина Жуева за тоа што не го освоија златниот медал на Зимските олимписки игри во Сочи. Русинката не била доволно фокусирана на одбрана на титулата , бидејќи вниманието го насочила кон американската двојка Мерил Вајт и Чарли Дејвис , кои во Сочи го освоија златниот медал
Интересно е дека американската и канадската двојка тренираат заедно во Детроит, а тренер им е Марина Жуева.
„Не бевме среќни во текот на подготовките, бидејќи чувствувавме дека не е фокусирана на нашата работа. Многу пати и рековме дека нема да бидеме задоволни со сребро“, изјави канадската лизгачка двојка.