Канбера легализираше марихуана за лична употреба

Главниот град на Австралија, Канбера, денес стана прв дел од таа земја каде е легализирана марихуана за лична употреба.

Законодавниот дома на австралиската престолнина, изгласал дека сите возрасни лица од 31-ви јануари следната година ќе можат да поседуваат до 50 грама сушена марихуана и да одгледуваат две стебла од тоа растение.

Во Канбера живеат околу 400.000 луѓе, пренесува „АП“.

Поседување мали количини марихуана е декриминализирано низ цела Австралија, но австралиската престолнина претставува прва територија која легализирала поседување и одгледување на марихуана.

Пациентите во Австралија можат да користат медицинска марихуана со рецепт од доктор уште од 2017-та година.