Американскиот рапер Кание Вест и телевизиската ѕвезда на реалните шоу програми Ким Кардашјан Вест живеат одвоено и во моментов се во програмата на брачно советување, објави теелвизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на извори во семејството.
Изминатите неколку месеци 43-годишнито Вест живее во сојузната држава Вајоминг, а неговота соприга 40-годишната Кардашјан и нивните четири деца живеат во Калифорнија, изјавил изворот во вторникот.
Мегапопуларната двојка која се венча на раскошна церемонија во Италија во мај 2014 година, извесно време се соочува со написите во медиумите за проблеми во нивниот брак.
Двојката во моментов е во програма на брачно советување, открил изворот на телевизијата.
„Кание го сака своето семејство. Многу се блиски. Одат на терапии и работат на својот брак“, рекол соговорникот на NBC News.
Меѓу двајцата сопружници било разговарано и за развод, меѓутоа Кардашјан не поднела официјално барања.
Вест во последниот перидо во медиуми зборуваше за своите проблеми со биполарно нарушувањ кое го одбележуваат големи осцилации во расположението, од манијкална фаза проследена со еуфорија до тешки дересии.