Кошаркарот на „Хјустон Рокетс“, Клинт Капела го продолжи договори со клубот за уште пет години. Младиот Швајцарец играше важна улога во „Рокетси“ во претходната сезона, а двете страни успеаја да се согласат за условите по долги преговори.
Соработката е договорена на пет години и ќе биде во вредност од 90 милиони долари.
Капела во дресот на „Хјустон“ одигра 74 натпревари во регуларната сезона со просек од 13,9 поени, 10,8 скока и 1,9 блока. Тој одигра одлично и во доигрувањето каде на 17 натпревари од плеј-офот забележа 12,7 поени, 11,6 скокови и 2,1 блокада во просек.