
Се започнало по вчерашниот тренинг кој турскиот тим го одржа на помошното игралиште на ФК Работнички. По заминувањето во хотелот, дошло до вербален конфликт меѓу Арвеладзе и Киврак, а караницата била толку жестока што веднаш потоа најомилениот фудбалер помеѓу фановите на Трабзон, голманот Киврак го напуштил хотелот, а утрово се вратил во Турција.
Тензиите продолжиле, а токму тренерот бил посочен како виновник за несогласувањата внатре во клубот, по што тој без двоумење поднел оставка.
Сепак, според непотврдени информации, оставката не е прифатена, па се очекува Арвеладзе да го води тимот на утрешниот меч против Работнички.