Љубителите на убавиот животен простор имаат ретка можност да купат ексклузивен стан или деловен простор по цена од 1099 евра по м2 (во оваа понуда влегуваат определен број на станови), и да ја реализираат вистинската инвестиција во својот живот.
Капитол Резиденс е резиденцијален објект со статусни апартмани и деловен простор, во чија изградба се користени врвни материјали, и имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, место во кое за секој вложен денар ќе добиете многу повеќе од инвестираното.
Со Капитол Резиденс максимална заштеда на енергија
Постои беспрекорна звучна и топлотнаизолација, а материјалите кои се употребени во градбата се од највисок квалитет штo на секој станар или деловна компанија им овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.
Навистина сме горди на овој објект. Капитол резиденс е вистинска инвестиција, која сигурно ќе ги оправда очекувањата и на најпребирливите. Становите ги карактеризира многусветлина, одличен распоред, хармонија, и многу други детали на кои внимававме, за да овозможиме релаксација и задоволство за нашите клиенти, работи кои се неопходни за здрав и долг живот. Комплексот го карактеризира препознатлива фасада, модерен дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вградена во објектот, изјави Даниела Адемовска сопственичка на Капитол Резиденс.
Капитол резиденс – поинаков квалитет на живеење и работење
Станбениот дел е во рамките на комплексот „Капитол мол и резиденс“ што само по себе нуди многу предности и поволности. Имено во еден објект може да се завршат сите обврски, да се оди на фитнес, како и да се направи шопинг и да се ужива со семејтвото и пријателите.
Капитол Резиденс афирмира поинаков квалитет на живеење и работење комбинирајќи го домувањето и професионалниот живот со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Не чекајте многу и не двоумете се – направете ја вистинската инвестиција во вашиот живот!