17.8 C
Skopje
вторник, ноември 5, 2024

Караџоски најгледан во „Само Интервју“ со 21,3 отсто

Гоце Михајлоски беше мегауспешен модератор на првиот епидемиолог Караџоски, со фантастични 21,3% гледаност, во однос на Васко Попетрески и Чомовски Јуниор кои имаа 2,95% и 1,4% последователно. Или 5:1!, наведуваат од Канал 5.

Сериозноста на здравствената ситуација во Македонија зафатена со Ковид-19 вирусот, и посветеноста на информативната редакција на Канал 5 а особено на најгледаните емисии САМО ВИСТИНА и САМО ИНТЕРВЈУ за професионално, навремено и пред се точно информирање на јавноста, резултираа со огромна заинтересираност на јавноста за гостувањето на претседателот на Комисијата за заразни болести, врвниот епидемиолог Жарко Караџовски кај гл. и одг. уредник на Канал 5 ТВ, која резултираше со фантастична просечна гледаност од 21,3%, а во еден момент изнесуваше и преку 26%.

За разлика од САМО ИНТЕРВЈУ на Гоце Михајлоски, надворешниот проект на Васко Попетрески кој долги години се емитува на Алсат М, исто така го угости Караџоски, но оствари само 2,95% удел во гледаноста.
Горазд Чомовски, синот на новинарската ведета Александар Чомовски, и тој се обиде да биде домаќин во одреден дел на емисијата на д-р Караџоски на 24 ТВ, но не можеше просечно да собере повеќе од 1,4% гледачи или во апсолутни бројки некаде околу 9444 гледачи, за разлика на оние 148.000 гледачи на САМО ИНТЕРВЈУ.
Или поедноставно кажано: Караџоски на САМО ИНТЕРВЈУ на Канал 5 vs 360+ТРИЛИНГ дава сооднос од 5:1 во заинтересираноста и гледаноста на македонските гледачи.
Најавуваме за во Понеделник – Интервју со Министерот за Здравство, Венко Филипче, кого ќе го ставиме во „жешко столче“ исто како Караџоски во вчерашното гостување на Канал 5 ТВ