Картата на СДСМ во овој момент е радикализација на политичката состојба на Македонија, децидна е професорката Татјана Карамишева Јовановска.
Радикализацијата ќе треба да биде во рамките на уставот и законите, СДСМ најавија дека ќе се движат во рамките на законските механизми кои што им стојат на располагање, иако никој не го зема в предвид фактот дека сите тие законски механизми може да се прелеат и да станат незаконски, вели таа.
Според неа, Државната изборна администрација во целина ќе ги превземе работите во свои раце. Државната изборна комисија има обврска да утврди роковник по кој што ќе ги следи и постапува.
Она што беше најголемата фама дека имаме ние фаличен избирачки список, дека има огромен број на луѓе кој се фантомски гласачи паднаа во вода тие фами, тие тези. Видовме дека не само што немаме фантомски гласачи туку едноставно се е во ред со избирачкиот список, изјави професорката за ТВ НОВА.