Состојки:
1 среднa глава карфиол, иситнета на мали цветчиња со големина на еден залак (околу 5 чаши)
6 лажици маслиново масло
3/4 лажичка сол
1/2 чаша свежи листови магдонос, ситно сечкани
1/4 чаша свежи перца од млад кромид ситно исецкани
1 лажица сув капар, ситно сецкан
1 лажичка сенф
Рендана кора од 1 лимон
1/4 лажичка свеж црн пипер
8 големи зелени маслинки, процедени и грубо исецкани
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 450 ф. На плех распоредете го карфиолот и ставете 2 големи лажици масло за јадење. Наросете половина лажица сол со превртување на парчињата карфиол. Печете во рерна додека карфиолот не добие златно кафена и нежна боја, или околу 15-тина минути. Пробајте дали се готови; на поголемите парчиња може да им биде потребно повеќе време за да бидат готови.
- Подготовка на салса верде: Во помал длабок сад ставете го магдоносот, перцата од кромид, капар, сенф, кора од лимон, пипер и околу ¼ лажица сол а потоа добро промешајте. Додадете уште 4 лажици маслиново масло и маслинки. (Салса верде може да се подготви еден ден однапред. Продготвена и прекриена се чува во ладилник до послужување).
- Ставете го карфиолот во чинија и налејте салса верде. Сервирајте го јадењето топло или на собна температура.