Касами: По Косово, па и Македонија да стане албанска држава

Првиот човек на Движењето Беса, Билал Касами, синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија – повика на единство меѓу Албанците, како што рече: „Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.

„Почитувани присутни, драги сопатници Изет, Африм, почитувани медиуми. Многу почитувани пријатели Арбр, Ардита, Беким. Почитувани пратеници, градоначалници и вие почитувани активисти. Честитки за празникот 28 ноември. Нема како да биде поинаку, освен што како што беше пред 111 години во нашата сакана Валона, денес овде во Тетово нека се обединат Косово и Македонија, да го направат Косово втора албанска држава и после Косово, зошто да не, и Македонија. Се чувствувам многу горд и среќен што денеска на 28 ноември, најголемиот историски ден во историјата на албанскиот народ, ја потпишуваме албанската коалиција, која ќе ги донесе неопходните промени за членство на Република Македонија во ЕУ“, изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.

Градоначалникот на Тетово веќе стана препознатлив по ваквиот вид провокации. Во август годинава, тој пушташе во употреба улица во Општина Тетово, а потоа даваше изјави за медиумите и се фотографираше додека во заднина се вееја знамето на „голема Албанија“ и албанското национално знаме.