Катар и Кувајт им потврдиле на САД дека ќе се придружат на нивната поморска коалиција во Персискиот залив која би требало да ги штити нафтените танкери, соопшти главниот командант на американската коалиција во понеделникот, додека Холандија ќе се приклучи на алтернативната мисија предводена од Франција, пренесува холандската новинска агенција ANP.
Меѓународната поморска коалиција (IMSC) започна со делување во Бахреин на почетокот од ноември, по низата неразјаснети напади претходно годинава кои го засилија ризикот од прекинување на транспортот на нафтата преку Ормутскиот теснец. САД за овие напади го обвинуваат Иран, кој ги отфрла овинувањата.
„Катар и Кувајт веќе ни соопштија дека ќе се придружат, така што само прашање на време е“, рекол американскиот полковник Џон Конклин, началник на штабот на коалицијата. Според него, се очекува дека Катар и Кувај ќе испрата патролни бродови.
САД разговарале со Канада за приклучување на иницијативата, додал Конклин пред да отпатува на Блискиот исток со началникот на главниот штаб на американската војска, генералот Марк Мили кој во понеделникот пристигна во Саудиска Арабија.
Албанија, Австралија, Бахреин, Велика Британија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати претходно ѝ се приклучија на американската коалиција.
Агенцијата ANP, повикувајќи се на владини извори, објави и дека Холандија од јануари шесте месеци ќе учествува во мисијата што ја предводи Франција.
Франција одби да ѝ се приклучи на американската коалиција, и сака да формира европска алтернатива. Француската министерка за одбрана Флоренс Парли изјави во саботата дека мисијата може да започне на почетокот од следната година, како ид ека 10 европски и не-европски влади ќе учестуваат во коалицијата кога ќе дибијат одобрување од нивните парламенти.
Парли не соопшти кои се тие земји. Данска, Италија и Шпанија се меѓу земјите кои претходно изразија интерес за учеството во француската мисија. Холандската влада во петок ќе го објави формалното пристапување на коалицијата, тврди ANP.