Казнет вработен во продавница, му дал алкохол на малолетник

При спроведување на акциска контрола во Битола за санкционирање на точење на алкохолни пијалоци на деца на  02/03.09.2022 во времето од 22.00 – 02.00 часот, констатирано е дека од страна на вработено лице во колонијална продавница лоцирана на ул„Климент Охридски“ во Битола послужен е малолетник со алкохолен пијалок, информира МВР.

Од страна на полициски службеници од  ОКП – Отсек за општ криминал при СВР Битола ќе биде поднесена соодветна пријава.

Контролите интензивно продолжуваат и во нареден период.