24 годишниот Ленин Гутиерез ја одработувал својата смена кога во локалот влегла една жена без маска на лицето, пренесува „NBC“.
Гутиерез ја прашал клиентката дали има маска за лице, но пред да може да и ги покаже правилата на неговата компанија, според кои клиентите мораат да носат маски во локалите, жената го нападнала келнерот, а потоа и го снимала.
Откако незадоволната жена објавила видеото од случката со келнерот во Старбакс на Фејсбук, се случи пресврт што сигурно не го очекувала.
На Интернет наскоро се појавила страницата „GoFundMe за келнерот Ленин Гутиерез“, на која беше објавено споменатото видео, а од корисниците било побарано да донираат бакшиш за работник во „Старбакс“.
На интернет страницата биле донирани 98.700 американски долари, средства кои како што е наведено ќе му дадени на Гутиерез, за да може тој да го оствари својот сон и да стане професионален танчер.