Кери ќе се обиде да го откаже референдумот во Крим

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Лондон, каде што ќе се обиде да го спречи можното пристапување на Крим кон Русија пред референдумот во украинскиот регион, пренесе „АФП“.

Денеска, на само два дена пред гласањето Кери ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Непосредно пред да ги напушти САД , американскиот дипломат призна дека би било речиси невозможно откажувањето на референдумот организиран од лидерите на Крим и предупреди дека нема сомнение дека проруското етничко мнозинство ќе гласа за поддршка на спојувањето со Русија.

Вниманието на светот сега е фокусирано кон тоа какви активности ќе преземе Москва во понеделникот по гласањето на референдумот, бидејќи постојат стравувања дека рускиот претседател Владимир Путин, може да има амбиција да преземеи други делови на Украина.