Ќерката на починатата поп икона Мајкл Џексон, Парис Џексон, хоспитализирана е во саботата по обид за самоубиство, објави интернет таблоидот TMZ кој има екслузивни инфромации за славните личности.
Според порталот, повикот за интервенција во службата за итна медицинска помош и полицијата бил упатен рано утрото по локално време во саботата од нејзиниот дом во Лос Анџелес. Како што рекол изворот на TMZ, Парис Џексон била пренесена во болница, а во моментов лекарите нејзината состојба ја оценуваат како стабилна.
Роднини на девојката за порталот рекле дека Парис можеби била испровоцирана за она што го сторила од почетокот на прикажувањето на филмот за нејзиниот татко „Напуштајќи го Неверленд“(Leaving Neverland), во кој се опишуваат случаи на наводни афери за злоставувања и плаќања на починатата ѕвезда.
Новиот документарен филм се базира на сведочењата на Вејд Робсон и Џејмс Саифчак, кои зборуваат за злоставувањата кои ги доживеале од страна на Џексон на ранлот „Неверленд“, Двајцата поднесоа тужби против Џексон во 2013 година, но тие беа отфрлени поради технички причини.