Украина свесно собори руски авион со свои воени заробеници со цел да ја посочи Москва како извршител на овој „терористички чин“ на Москва, соопшти Министерството за одбрана.
Во соопштението, Министерството ги откри деталите за падот на товарниот авион ИЛ-76 во регионот Белгород, во кој загинаа 65 украински заробеници, како и шест членови на екипажот и тројца руски војници.
Министерството за одбрана соопшти дека „киевскиот режим извршил терористички чин“ со соборување на рускиот авион на пат од воената воздухопловна база Чкаловски во близина на Москва кон Белгород, кој превезувал заробеници за натамошна размена на затвореници.
Официјални лица истакнаа дека авионот бил погоден во 11:15 часот по локално време од украинските сили за воздушна одбрана стационирани во регионот Харков, додавајќи дека војската регистрирала лансирање на два проектила.
Потврдувајќи дека сите во авионот биле убиени во нападот, министерството соопшти дека украинското раководство добро знаело за летот и за неговата мисија. Се истакнува дека Москва и Киев се договориле да спроведат размена на затвореници подоцна во средата во близина на руското погранично село Колотиловка во Белгородската област.